Еурофарм Пелистер освои еден бод во дуелот против швајцарски Кадетен Шафхаузен, иако во првото полувреме имаше разлика која што отвараше простор за лесно стигнување до победа. Десното крило, стружанецот Ненад Костески смета долгата пауза без тренинзи поради проблемите со коронавирусот оставила траги врз неговите соиграчи.
,,Имавме одлично прво полуврме, шест разлика. Имавме голем пад во играта во вториот дел. Мислам дека на нас влијаеше и фактот дека имавме доста заразени ракометари со ковид-19. Немавме доволно време да се подготвиме. Навистина ми е жал што испуштивме цел плен и мислам дека заслуживме да победиме“ – изјави Ненад Костески.