Во рамките на 14 коло од Прва ЖФЛ, претпоследно за оваа полусезона, во фер и коректен натпревар тимот на ЖФК Речица го нагости тимот на ЖФК Каменица. Гостинскиот тим го има најубоитиот напад во лигата и тој факт се покажа и пресуден на овој меч, бидејќи ЖФК Каменица дојде до нови три бода со триумфот од 0:3.
Стрелци за победничкиот тим беа капитенката Ана Димитровска, додека двоен стрелец беше Марјана Нацева. Домашниот тим во склоп на своите можности се потруди да даде оголем отпор, а домашната голманка имаше полни раце работа на оваа средба. Саса со новите три бода се зацврстува на врвот на табелата.



