Во голфот, исто како и во тенисот, сезоната ја ,,зачинуваат” четири престижни турнири.
Еден од нив е токму ,,Мастерс Турнамент” што се одржува од 1934 година во Аугуста, Џорџија.
Овогодинешното 84. издание беше планирано да се одржи во април, но поради пандемијата беше одложено за изминатиот викенд.
Шампион, со рекорден учинок од (-20) поени, беше Американецот Дастин Џонсон, кој доминираше во текот на сите четири дена.
За Џонсон, ова е 24. триумф на ПГА Тур и втор триумф на престижните турнири, после освоениот ,,УС Опен” во 2016.
После првиот и вториот ден, Џонсон го делеше водството со Пол Кејси и со Дајлан Фрители (-7), односно со Абрахам Ансер, со Џон Рам, со Камерон Смит и со Џастин Томас (-9), пред да се оддели после третиот и после четвртиот ден.
Накрај, Смит и Им Сунг-Џае (-15) го поделија второто место, а пласман во првите десет изборија уште: Томас (-12), Фрители (-11), МекИлрој (-11), Коепка (-10), Ченг-Цунг (-10), Рам (-10), Конерс (-9), Рид (-9) и Симпсон (-9).



