ЦСКА Москва и Локомотив Јарослављ го одиграа дербито на денот во денешната КХЛ програма.
После неизвесен меч, ЦСКА успеа да дојде до победата од 3-1 и по шести пат во низа да го порази денешниот соперник.
Резултатот, во четвртата минута, го отвори Клас Далбек, со фантастичен гол во корист на клубот од Москва.
Во средината од втората третина, Мет Робинсон го удвои водството на својот тим, а шест минути подоцна, Јегор Коршков намали на 2-1.
Третиот период започна фуриозно, најпрво со промашениот пенал на Антон Слепишев (ЦСКА), па со неверојатната шанса на Владимир Ткачјов (Локомотив) и накрај со последниот гол на мечот што беше дело на Слепишев, кој ја исправи својата грешка од една минута претходно.
После овој меч, двете екипи ги заземаат првите две места во Дивизија Тарасов, односно првата и третата позиција во Западната конференција.