Брегалница е осамен лидер во Втората лига – Исток откако триумфираше со 1-3 во 11. коло на гостувањето против Плачковица. Новиот шеф на стручниот штаб Марјан Секуловски на тој начин стартуваше со триумфално деби на клупата на „сините“.
Брегалница многу рано ја заврши целата работа на натпреварот фуриозно стартувајќи го мечот со два брзи гола. Со голот на Мартин Стојанов од пенал во 12. минута за 1-0, а само пет минути потоа во 17. минута и капитенот Ристе Наумов стрелаше за 2-0.
Во второто полувреме Плачковица го намали резултатот со прекрасен гол, со шут од околу 20 метри, на Јанкуловски во 63 минута. Меѓутоа доминацијата на „сините“ продолжи до крајот на натпреварот па во 86. минута следеше нов гол на Мартин Стојанов, повторно од пенал, за конечни 1-3.
Во Втората лига Запад, внимание привлече дуелот помеѓу Велешта и ГФК Охрид во меч со голема борба сепак двете екипи се задоволија со реми и поделба на бодовите. Тимот на Гостивар се одржува при врвот и триумфира со 3:0 против Тетекс кој се претпоследни на табела.
11 коло Втора Лига резултати: Осогово – Кит Го 1-0, Кожуф – Тиквеш 1-1, Плачковица – Брегалница 1-3, Каменица Саса – Слога Виница 2-0, Росоман – Победа 1-2, Дрита – Кадино1-1, Скопје – Вардар Форино 6-0, Гостивар – Тетекс 3-0, Велешта – Охрид 0-0 и Велазерими – Кораб 2-0.



