Во рамките на 13 коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар, во дерби меч на истокот помеѓу ЖФК Истатов од Нов Дојран и ЖФК Тиверија од Струмица заврши во полза на гостинската екипа со триумф од 0:4 на полувреме беше 0:3.
Натпреварот со водство го отвори Теодора Димоска во 9 минута, а за кратко време веќе во 13 минута резултатот гласеше 0:2 во корист на струмичанки, кога капитенката Александра Ристовска беше успешен реализатор од белата точка.
Во самиот финиш на полувремето ЖФК Тиверија замина на полувреме со 0:3 кога повторно Ристовска во 44 минута стрелаше прецизно во противничката мрежа.
Во второто полувреме гостинските фудбалерки не се задоволија со оваа висока предност, тргнаа кон нов погодок и тоа се случи во 64 минута кога Теодора Димоска погоди за 0:4 резултат кој беше и конечен.



