Македонија за прв пат испишува историја и се пласира на Европско првенство. Совладана е Грузија на гостински терен со решавачкиот гол на Горан Пандев за голема еуфорија и испишување на нова страница во успехот на македонскиот спорт.
При оваа радост Панчо од ДНК во чест на фудбалските национални херои се истетовира на ногата и ги впиша сите репрезентативци и селекторот, а неговата тетоважа изгледа вака:

,,Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи. Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја приуштија оваа неопислива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех. Браво момци, херои наши МАКЕДОНИЈА на европско 2021 година”– истакна Панчо.



