Дека Горан Пандев важи за фудбалска легенда, уште еднаш потврди неговиот тим Џенова. За време на одбележување на денот на Љубезноста, Џенова на социјалните мрежи испрати порака до своите фанови, а се разбира во главната улога е „Гранде Пандев“, а пораката гласи: ,,Третирајте ги другите како што Горан Пандев ја третира топката” – објави клубот на својот инстаграм профил.



