Во рамките на 13 коло од Прва ЖФЛ иако се одигра градско дерби во кое што имаше голема борба и битка за секоја педа од теренот, натпреварот помина во фер и коректна игра помеѓу ЖФК Шкендија и ЖФК Љуботен.
Победата им припадна на домашните фудбалерки кои што триумфираа со резултат од 3:0 на полувреме беше минимална предност за ЖФК Шкендија од 1:0. Со новите три бода се приближуваат кон златната средина на табелата, додека за Љуботен остануваат останатите првенствени кола за собирање на бодови.



