Македонија слави историски триумф, она за кое сонуваа сите македонски фудбалски фанатици. Историскиот гол на Гранде Пандев е причина за најголемото славје кое Македонија го имала во изминатите неколку години.
По натпреварот, на почетокот на прес-конференцијата на селекторот на македонската фудбалска репрезентација никој не можеше да ги скрие своите емоции и еуфорија.
На прес конференцијата се гледа радост, македонска гордост и огромна еуфорија! Македонија има огромна причина да слави! Погледнете го видеото на еуфорија и славје: