СКА од Ст. Петербург ја оствари најубедливата победа сезонава, совладувајќи го Витјаз Подолск со 1-8 на гостински терен.
Домаќините само еднаш ја затресоа противничката мрежа, преку Александер Дергачјов, кој погоди за 1-2 во осмата минута, кога неговиот тим имаше играч повеќе.
Од друга страна, СКА постигна по два гола во првата и во третата третина, односно двојно повеќе погодоци во втората.
Стрелци за гостите беа осум различни хокеари: Миро Аалтонен, Лукас Бенгтсон, Игор Ожиганов, Данила Галенјук, Васили Токранов, Васили Подколзин, Иван Морозов и Јоонас Кемпаинен.
Со вториот врзан триумф, СКА останува втор клуб на Истокот, додека Витјаз е седми, но неговото место во плејоф-зоната е под голема закана од Спартак Москва и од Јокерит.



