Македонија до У-21 на гостувањето против Израел одигра само реми од 1:1. Нерешен резултат кој за нас е равно на пораз, бидејќи на Европско одат првопласираните и петте најдобропласирани втори репрезентации.
Македонија е баш на тоа второ место во групата, но не влегува на селекции најдобри пет кои што се на таа втора позиција на табелата. Израел поведе во првиот напад со голот на Јосефи.
Македонија навистина има огромен проблем со изведувањето на ударите од белата точка и повторно не го реализиравме пеналот кој беше досуден во наша корист. Дарко Чурлинов беше трагичарот во 51 минута кој не успеа во намерата.
На овој меч спаси бод Јани Атанасов кој со спектакуларен гол од слободен удар во 76 минута ни донесе реми. Сега уште ни преостанува последниот меч од групата 6 кој на домашен терен ја пречекуваме селекцијата на Црна Гора.



