Обилни врнежи од дожд и грмотевици ја зафатија соседна Грција, посебно островот Крит и градот Хераклион, на кој што шестиот тенисер во светот, Стефанос Циципас има тениски терени.
Една снимка се шири на друштвените мрежи, каде братот на Циципас игра тенис на поплавениот терен се со цел да покаже каква штета настанала со поплавите. Петрос Циципас сервираше неколку пати на теренот полн со вода.



