Светскиот шампион потклекна на домашен терен во натпревар во кој постојано имаше иницијатива, пред се поради ефикасноста која ја демонстрираа гостите, односно двајцата дебитанти во најсилната селекција на Финска.
Стрелците на двата гола за Финска беа играчи кои досега настапуваа за младинската селекција, а своето деби во најсилниот состав ќе го паметат по неверојатната победа над Франција која ја крунисаа со два гола. Најпрво стрелаше 21-годишниот Маркус Форс во 28 минута, а само три минути подоцна му се придружи неговиот врсник Они Валакари кој постигна фантастичен гол од дистанца.



