По репрезентативните настапи интернационалците се вратија во своите клубови. Во најсилната ракометна лига, германската Бундеслига, тимот на Лудвигсхафен загуби од Нордхорн со резултат од 27:24.
На тешкото гостување, голманот Мартин Томовски собра 10 одбрани со висок процент, но неговиот тим сепак загуби. Со овој пораз Лудвигсхафен ја прекина серија од два меча без пораз и сега е блиску до опасната зона за испаѓање.



