Сè уште младиот, но веќе реномиран атлетски клуб ,,7 Ноември” од Гевгелија, во текот на изминатиот викенд ја организира првата градска трка низ најрамниот град во нашата земја. Имено, поради настанатата пандемија, трката се одвиваше виртуелно, така што секој натпреварувач трчаше сам, на патека по сопствен избор низ територијата на цела општина Гевгелија. На програмата имаше две трки, на пет и на десет километри, а како датум за организирање на трката, со намера беше одберен 7 ноември, заради одбележување на денот на ослободувањето на Гевгелија. Од истата причина и атлетскиот клуб го носи истото име.
Кога е во прашање трката на пет километри во машка конкуренција, победник беше новинарот на ,,Јави се јужна”, Атанас Епов, со убедливо најбрзо време од 17:24 минути. На подолгата дистанца, ,,Јави се јужна” имаше уште еден претставник, Марјан Туртуров, кој го зазеде солидното осмо место со време од 44:12 минути.
Конечни резултати на пет километри во машка конкуренција: 1. Атанас Епов (17:24) 2. Влатко Семенаков (20:10) 3. Никола Ковачев (21:14)
Конечни резултати на пет километри во женска конкуренција: 1. Теодора Мурџева (28:42) 2. Мери Николова (29:42) 3. Александра Крајчева (29:52)
Конечни резултати на десет километри во машка конкуренција: 1. Тодор Анчев (38:40) 2. Александар Митревски (40:21) 3. Стојан Делев (40:26)
Конечни резултати на десет километри во женска конкуренција: 1. Христина Алаѓозовска (52:03) 2. Валентина Узунова (53:00) 3. Русимка Динева (56:24)



