Единствениот натпревар од денешната КХЛ програма го одиграа екипите на Северстаљ Череповец и на Барис Нур-Султан.
Казахстанскиот состав ја запиша третата победа по ред, откако славеше со 1-3 над Череповец.
После само девет минути игра, Барис водеше со 0-2, благодарение на Дерен Дитц и на Линус Видел, а во втората третина, дефицитот на домаќините го преполови Владислав Проволњев со својот пауер-плеј гол.
Конечниот резултат, а и заверувањето на победата на тимот од Казахстан, го постави Дитц, со својот втор погодок во мрежата на Владислав Подјаполски.
Со новите два поени, Барис конечно успеа да влезе во плејоф-зоната на Истокот, заземајќи го седмото место, додека Северстаљ останува четврти на Западот.



