Рафаел Надал стана четвртиот тенисер во историјата, кој остварил четирицифрен број на АТП победи.
Денес, Шпанецот го порази неговиот сонародник, Фелисијано Лопез, со 2-1 (4-6, 7-6, 6-4) во втората рунда на мастерсот во Париз и си обезбеди осмина-финале против Џордан Томпсон.
Освен Надал, над илјада АТП победи имаат Џими Конорс (1274), Роџер Федерер (1242) и Иван Лендл (1068), а актуелниот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, е веднаш зад нив со 932 триумфи.



