Прво коло од квалификациите за Европско првенство во кое што во СЦ ,,Борис Трајковски” во Скопје Македонија ја нагости на Финска и ја совлада со убедлив резултат од 33:24 на полувреме 16:10.
Само во првите 15 минути од средбата гостите пружија отпор и држеа резултатска неизвесност, за потоа Македонија со серија од 5:0 да ја превземе контролата и до крај да нема неизвесност кој ќе дојде до победа.
Нашите голмани Митревски – Томовски имаа вкупно 13 одбрани, голгетерски се истакнаа Кирил Лазаров со 11 и Кузмановски со 6 гола. Во наредниот меч Македонија и гостува на Швајцарија се со цел нова победа и отворање на портите кон Европско првенство.



