Ален Халиловиќ беше тинејџер кој се најавуваше дека ќе биде новиот Меси. Младиот хрват од тимот на Динамо Загреб направи сензационален трансфер во Барселона, но поради преголемиот притисок и очекувањата самиот фудбалер потфрли и не го покажа својот раскошен талент.
Од каталонскиот гигант беше позајмуван во неколку екипи, а 24-годишниот играч од средниот ред играше уште за Спортинг Хихон, Лас Палмас, Стандард од Лиеж, Херенвен и по завршувањето на договорот со Милан тој сега е слободен играч.
Се поврзуваше со трансфер во Хајдук од Сплит, но се чини дека тоа не се баш реални шанси да се реализира, а моментално тренира со второлигашот Интер од Запрежич и очекува поволна понуда.



