Матју Фламини на 36-годишна возраст и после една година пауза се враќа на фудбалските терени и ќе заигра за тимот на Бреша. Искусниот французин кој е легенда на Арсенал и Милан , каде што за ,,Топџиите имаше 246 настапи, додека за ,,Росоњерите” собра 122 настапи сега ќе го облече дресот на Бреша.
Фламини освен со фудбал работи и како бизнисмен па фудбалот едно време го имаше во втор план. Покрај неколкуте понуди тој се реши за Бреша, а последниот натпревар кој го одигра е пред една година во дресот на Гетафе на натпреварот против Реал Сосиедад.