Легендарниот Том Брејди, иако веќе не настапува за Њу Ингланд Патриотс, повторно имаше проблеми во совладувањето на незгодните Њујорк Џајантс.
Имено, Тампа Беј Баканирс успеаја да триумфираат со 23-25, но со големи маки.
Џајантс, на полувремето водеа со 14-6, преку тачдауните на Дион Луис и на Вејн Голмен, наспроти двата филд-голови на Рајан Сакоп на спротивната страна.
Во второто полувреме, Баканирс направија серија од 19-3, за водство од 17-25. Голем помошен фактор во овие акции на гостите беше домашниот квотербек Даниел Џонс, кој уфрли две пресечени додавања, после коишто следуваа десет поени на претставниците на Флорида. Освен шутевите на Сакоп што донесоа дополнителни десет поени, по еден тачдаун постигнаа Роб Гронковски и Мајк Еванс.
Во последната минута од мечот, Џајантс успеаја да ја внесат топката во противничката енд-зона преку Голден Тејт и дојдоа на само два поени заостаток. Следуваше конверзија за два поени, но истата беше неуспешна и не беше повторена, иако судиите фрлија жолто знаме.
Со овој триумф, Баканирс (6-2) скокнаа на второто место во Националната конференција, додека Џајантс (1-7) ја заземаат последната позиција.
Во соработка со НФЛ Македонија



