Фудбалерките и стручниот тим на ЖФК Каменица Саса по одржаните прегледи и задолжително PCR тестирање за COVID-19 кое беше реализирано во SYNLAB MACEDONIA во Скопје, сега веќе тимот се наоѓа во Софија, Бугарија.
Сместувањето е во хотелот ,,Царско Село”, а денеска од 14:00 часот ќе одработат тренинг на националниот стадион ,,Васил Левски”, каде што во среда ќе се одигра и натпреварот од првото квалификациско коло од Лигата на Шампиони.



