Англиската фудбалска Асоцијација преку официјален допис до Фудбалската федерација на Македонија извести дека футсал репрезентацијата на Англија нема да допатува во Скопје и нема да ги одигра бараж натпреварите за пласман во главната квалификациската фаза за пласман на Европско првенство против нашата селекција кои беа закажани за 8. и 9. ноември во Скопје.
Епидемиолошката состојба поврзана со епидемијата предизвикана од Ковид-19 и препораките од здравствените власти во Англија се причина за откажувањето на Националниот футсал тим на Англија од можноста да се надигруваат во бараж натпреварите за пласман во квалификациите за Европското првенство.
Одлуката е споделена до УЕФА и се чека на официјална потврда околу пласманот на Македонија во главната фаза квалификации за ЕП. Македонија ќе се најде во групата 4 со репрезентациите на Романија, Србија и БиХ, доколку УЕФА го потврди нашето учество во квалификациите за ЕП.
Извор и фото: https://ffm.mk



