Седмото премиерлигашко коло го отворија екипите на Вулверхемптон и на Кристал Палас, кои се соочија за првпат во новата сезона.
Како поуспешен состав се покажа домашниот на Вулверхемптон, предводен од Нуно Еспирито Санто, кој славеше со рутински резултат од 2-0.
И двата погодоци на мечот паднаа во првиот дел, а стрелци беа Рајан Аит Нури (18′) и Даниел Поденс (27′).
Аит Нури е деветнаесетгодишен дефанзивец, кој пристигна од редовите на француски Анжер, а денес дебитираше во портокаловиот дрес.
Кристал Палас, иако губеше, не успеа да креира доволно шанси, а остана и со играч помалку, откако Лука Миливојевиќ заработи директен црвен картон за опасниот старт над Жоао Мутињо на четири минути до крајот.
Со оваа победа, Вулверхемптон се искачи на третото место, израмнувајќи се со Евертон и со Ливерпул на врвот, додека Палас падна од осмата на деветтата позиција. Вреди да се напомене дека и двете екипи имаат натпревар повеќе во однос на конкурентите.



