Салават Јулаев од Уфа, денес, со ,,петарда” во својот гол, го запиша петтиот пораз на последните седум средби.
Имено, Локомотив Јарослављ беше клубот што славеше во источниот дел на Русија со резултат од 0-5.
За Локомотив, ова беше деветти врзан триумф, односно петти последователен над денешниот соперник.
По неполни дванаесет минути игра, гостите стекнаа предност од 0-3, а стрелци беа Антон Ландер, Георги Иванов и Артур Кајумов.
Трите брзи погодоци го натераа домашниот тренер, Томи Ламса, да направи промена на голманската позиција, односно, наместо Данил Тарасов да го стави Јуха Метсола.
Метсола, во наредните две третини, прими по еден погодок.
Во вториот период, Иванов по вторпат се запиша во листата на стрелците, додека во третата третина, конечниот резултат го постави Денис Алексејев.
Одличен на голот на победничкиот состав беше Едвард Пасквале, кој ги одбрани сите триесет и пет удари со коишто беше приморан да се соочи.
Лошата серија на Уфа резултираше со пад на шестото место во Источната конференција, додека Локомотив е втор по освоени поени на Западот, но ја поседува третата позиција.



