Години наназад, најкарактеристичен хокеар од КХЛ е дефинитивно Сергеј Мозјакин.
Играчот на Металург Магнитогорск, денес го постигна изедначувачкиот погодок за 1-1 за својот тим против Торпедо Нижњи Новгород.
Навидум, станува збор за обичен гол, кој во себе крие историја – Мозјакин стана првиот хокеар во историјата на КХЛ, кој запишал деветстотини поени.
Русинот, во својата кариера, постигна 407 досегашни голови и 493 досегашни асистенции за да стигне до споменатиот јубилеј.
Сепак, Мозјакин нема по добро да ја памети оваа средба, бидејќи Металург загуби на пенали од својот денешен соперник.
Освен за клубот од Магнитогорск, новиот рекордер постигнуваше голови носејќи го дресот и на Атлант Митиши од 2008 до 2011 година во КХЛ.



