Сибир Новосибирск оствари аутсајдерска победа над Барис Нур-Султан во првиот натпревар од денешната КХЛ програма.
Имено, руските претставници беа подобри од Казахстанците со резултат од 3-1.
Првата третина помина без голови, а во четвртата минута од втората, Сибир поведе со голот на Никита Шашков. Осум минути подоцна, Барис израмни преку Јакоб Лилја, а до крајот на периодот, Сибир постигна уште еден погодок, благодарение на Јегор Миловзоров.
Последниот гол за поставување на конечниот резултат го постигна Олег Ли во последната минута на празен гол, во моментот кога Сибир имаше играч повеќе на ледената плоча.
Освен голгетерите, екстремно заслужен за победата на ,,Сините” беше и голманот Хари Сатери, кој одбрани триесет и три противнички удари (97,06%).
Момците од Новосибирск, со овој триумф, скокнаа до седмото место на Истокот и го исфрлија денешниот ривал вон плејоф-зоната, односно на десеттата позиција.