„Врба“ на Милчо Манчевски ja освои наградата Најдобар филм на фестивалот во Синеквест, Калифорнија, каде ја имаше американската премиера.
Годинашното јубилејно 30-то издание на фестивалот Синеквест место во март, поради пандемијата се одржа онлајн од 1 до 14 октомври, со програма од 154 филмови од САД и светот, учествуваа вкупно 950 артисти, а се одржаа и 95 специјални настани поврзани со филмската работа. Синеквест е и квалификациски фестивал за Оскар со програмата за кратки и анимирани филмови.
Во исто време се подготвува и новиот филм на Манчевски „Кајмак“, поддржан од Агенцијата за филм, а сега доби поддршка и од данската држава – од Данскиот филмски институт.



