Петтиот финален дуел на МЛБ помеѓу Тампа Беј Рејс и ЛА Доџерс, заврши со 2-4 во корист на екипата од Лос Анџелес, којашто поведе со 3-2 во меѓусебната серија.
На овој меч, Доџерс поентираа во првиот, во вториот и во петтиот ининг, дозволувајќи им на противниците само два поени во третата деветина.
Од играчите на Тампа Беј, ниеден немаше хоум-ран, додека кај Доџерс поентираа Џок Пидерсон и Макс Манси.
Победниците од оваа средба, ќе имаат можност да ја искористат својата ,,меч-топка” на 28 октомври во 01:08 часот.



