Само пред два месеци, екипите на Бероу и на Болтон ги делеа цели две дивизии, но денес, двете екипи се соочија за првпат во Лиг 2.
Нивниот меѓусебен дуел заврши со нерешен резултат од 3-3 што за Болтон е екстремно поволен резултат.
Имено, веќе во четвртата минути, Бероу водеше со 2-0, откако прецизни беа Крис Тејлор и Мајк Џонс.
Во шеснаесеттата минута, Питер Киосо намали на 2-1 со својот прв гол, во вториот натпревар во дресот на Болтон.
Само четири минути подоцна, на 3-1 за актуелните шампиони на петтата лига зголеми Дион Ангус, а до крајот на полувремето, најозогласеното засилување на Болтон, воедно и водечкиот стрелец во Лиг 2 минатата сезона, Еоин Дојл намали на 3-2.
И покрај константните напади на Болтон, се чинеше дека овој резултат ќе биде конечен, но во петтата минута од продолжението, Ентони Сарчевич израмни на 3-3 и му донесе поен на својот нов клуб.
За Сарчевич и за Киосо, овие беа дебитантските погодоци во белиот дрес, додека Дојл се запиша во листата на стрелците по вторпат во оваа сезона.
Од засилувањата на Болтон, вреди да се напомене и тренерот Ијан Еват, кој го предводеше токму Бероу до минатосезонската историска титула.
По ова реми, двете екипи се на дваесеттата и на дваесет и првата позиција на табелата.



