Натпреварот со најмногу голови од денешната програма на Лиг 1 беше оној помеѓу Донкастер и Ипсвич (заедно со Оксфорд Јунајтед 3-2 МК Донс).
Имено, Донкастер триумфираше со убедливи 4-1 и, освен што им го нанесе првиот овосезонски пораз на ,,Трактор Бојс”, исто така и ги тргна од првата позиција на табелата.
Најпрво, уште во четвртата минута, Ипсвич поведе со 0-1 преку автоголот на Џоу Рајт, а во продолжение, домаќините четири пати ја затресоа мрежата на Томаш Холи, благодарение на Камерон Џон (28′), на Бенџамин Вајтмен (37′ и 62′ од пенал) и на Феџири Окенабирие.
Со овој пораз, Ипсвич падна на второто, а со новите три поени, Донкастер се искачи на шестото место.