Екипата на Сибир од Новосибирск го запиша својот петти последователен пораз, откако денес, на домашен терен, загуби од Јокерит со 3-4.
Финскитепретставници поведоа уште во петнаесеттата секунда, со голот на Џон Норман, а Сибир израмни две минути подоцна преку Олег Ли.
Во дванаесеттата минута, Јокерит поведе по вторпат благодарение на Алекс Грант, а до крајот на првиот период, Сибир направи целосен пресврт, откако успешни беа Олег Ли по вторпат и Микаел Руохомаа.
Во наредните две третини, Јокерит поентира по еднаш преку Давид Скленичка и Виктор Лоов за поставување на конечниот резултат.
Шестата победа во последните седум средби, му ја донесе на Јокерит петтата позиција на Западот, додека Сибир е деветти на Истокот, со три поени заостаток во однос на плејоф-зоната.



