ЛА Доџерс и Атланта Брејвс синоќа го одиграа првиот меѓусебен полуфинален дуел.
Брејвс успеаја да слават со навидум убедливи 1-5 и да поведат со вкупни 1-0.
Сè до деветтиот ининг, резултатот гласеше 1-1, а тогаш, играчите на Атланта решително тргнаа по триумфот и забележија нови четири поени.
Од петте поени, три беа хоум-рани постигнати од Фреди Фримен, Остин Рајли и Ози Албис.
Исто така и единствениот поен на Доџерс беше хоум-ран од страна на Кике Хернандез.



