Македонија до 21 година успеа да се спаси од пораз со Израел 1-1 благодарение на голот на Јани Атанасов од слободен удар во 94 минута од мечот.
Гостите од Израел го отворија резултатот во 21. минута кога Лиел Абада директно од корнер проба да постигне гол, Ристо Јанков успеа неако да одбрани, но на одбранетата топка налета Шај Елијас кој ја затресе македонската мрежа. Во 56. минута Израел имаше колосална шанса да го дуплира водството кога Димитар Митровски направи наивен прекршок за пенал над Самуел Броун. За наша среќа, Јанков одлично го прочита ударот на Ејлон Хаим Алмог и спречи нов гол.