Тајрел Хетон ја оствари својата петта победа во кариерата во Еуропеан Тур.
Имено, Англичанецот го освои 66. издание на ,,БМВ ПГА Чемпионшип” што се одржи овој викенд во Вирџинија Вотер, област Сари, Англија.
Моментално тринаесеттиот голфер на светската ранг-листа беше првопласиран во три од четирите денови на овој турнир, а накрај го освои со резултат од (-19). Французинот Виктор Перез беше второпласиран со (-15), а третото место со по (-14) поени го поделија Патрик Рид и Енди Саливен.
По второто место на ,,Скотиш Опен” претходниот викенд, Томи Флитвуд повторно се наоѓаше при врвот во текот на поголемиот дел од турнирот, но накрај заврши на тринаесеттата позиција.
Освен одличните партии на неколку домашни голфери, турнирот ќе остане запаметен и по погодокот ,,од прва” на Џордан Смит.



