Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ја освои својата седумнаесетта НБА титула во историјата, односно првата после 2010, со којашто се израмнија на првото место во историјата по број на титули со Бостон Селтикс.
,,Езерџиите”, во финалето, ги поразија Мајами Хит со конечни 4-2.
Во шестиот натпревар, новите шампиони го добија противникот со 93-106, со убедлива игра и предност што се искачи и до над триесет поени во одредени моменти.
Најзаслужен играч за триумфот на Лејкерс беше ЛеБрон Џејмс, кој стигна до својот четврти наслов, со трипл-дабл учинок составен од 28 поени, 14 скокови и 10 асистенции. Исто така, солидна партија имаше и Ентони Дејвис со 19 поени и 15 скокови.
Во поразениот состав, Бам Адебајо беше најкорисен кошаркар со 25 поени и 10 скокови.



