Екипата на Саут Сиднеј Рабитохс обезбеди пласман во полуфиналето на НРЛ по третпат во низа, со победата од 24-38 над Парамата Илс во четврт-финалето.
Рабитохс го отворија мечот со серија од 8-0, со есејот на Пауло придружен со конверзијата и пеналот на Рејнолдс.
До крајот на полувремето, Парамата направи навидум убедлива предност со серијата од 18-0, за заминување на пауза со десет поени предност. Играчите што поентираа за Илс беа Гатерсон (х2) и Џенингс преку есеи, односно Мосес преку трите конверзии.
Рабитохс го почнаа вториот дел на најдобар можен начин – со нова серија, но овој пат од 24-0, за предност од 18-32 на десет минути до крајот.
Во оваа серија, рагбистите од јужен Сиднеј постигнаа четири полагања преку Најт, Мареј, Сиронен и Пауло.
Во последните шест минути, двете екипи постигнаа по еден полн есеј преку Џенингс и Кук за поставување на конечниот резултат.
Во полуфиналето, Рабитохс ќе ги одмерат силите со првопласираниот тим во регуларната сезона – Пенрит Пантерс.



