Во рамките од 9 коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар во Велес, домашната екипа на ЖФК Борец го пречека фаворитот ЖФК Скопје и загуби со резултат од 0:9. Младите домашни фудбалерки во склоп на своите можности се обидоа да се спротистават на фаворитот и загубија со девет гола разлика.
На натпреварот имаше дури осум различни стрелци. Погодоците беа дело на Гегова Драгана која беше двоен стрелец, а по еден гол во листата на стрелци се запишаа: Капитенката Афридита Салихи, Елма Шемсовиќ, Елена Петровска, Стефани Петревска, Теа Божиновска, Марина Митревска и еден автогол на велешанки.