Оливие Жиру настапи на пријателскиот натпревар за Франција против Украина каде што остварија висока победа од 7:1. Напаѓачот на галските петли асистираше до младиот Камавинга за почетно водство, а потоа на два пати стрелаше во мрежата на противникот првин за дуплирање на водството на 2:0, а за кратко и за 3:0.
Жиру играше се до 73 минута кога му го препушти местото на Бен Једер. Овој меч за искусниот напаѓач ќе остане во трајно сеќавање бидејќи се изедначи на вечната листа на стрелци со Мишел Платини по 41 постигнат гол во репрезентацијата и сега заедно го делат второто место, додека Тиенри Анри останува достижен со 51 постигнат гол на првото место за Франција.



