Нант оствари тешка победа со резултат од 30:28 за нови бодови против Тулуз кој даде достоен отпор и до самиот крај беше во игра да оствари позитивен резултат. Кирил Лазаров го предводеше тимот до значајна победа и постигна шест гола од кои што еден од седмерец.
Лазаров во чекор по шест гола го следеа соиграчите Фигуерас и Ривера. Нант заедно со ПСЖ имаат максимален учинок од три настапи и три победи во францускиот шампионат и овие две екипи ќе водат жестока битка за кој тим ќе ја добие титулата.



