Џошуа Чептегај претставува вистинска ноќна мора за еден од најголемите светски тркачи во историјата – Кенениса Бекеле.
Имено, Чептегај, во август го постави новиот светски рекорд на пет километри (12:35,36 минути), срушувајќи го претходниот рекорд на Бекеле, стар шеснаесет години, за само две секунди.
Денес, во Валенсија, Уганѓанецот повторно го претекна резултатот на Етиопиецот, односно истрча десет километри за 26:11,02 минути што претставува нов светски рекорд на оваа дистанца.
Претходното најдобро време на десет илјади метри го имаше токму Бекеле (26:17,53 минути) и тоа беше најдолгиот светски рекорд во оваа дисциплина, кој издржа цели петнаесет години.
Освен Чептегај, нов рекорд во Валенсија, во женска конкуренција на пет километри, постави и Летесенбед Гидеи, со време од 14:06,65 минути, односно четири и пол секунди подобро од времето на Тирунеш Дибаба во 2008.



