И тоа се случи па во Украина за дуелот против Франција е повикан пензионираниот 45-годишен голман Александар Шовковски. Голманот не е активен уште од 2016 година, но поради тоа што украинците моментално имаат само еден здрав голман во конкуренција за настап е повикан и Шовковски.

Правилата велат дека во репрезентација може да се повика и фудбалер кој нема договор, но има државјанство од истата држава. Шовковки инаку е тренер на голманите во украинската репрезентација.



