Кевин Миралас е нов член на турскиот прволигаш Газиантеп, а 33-годишниот репрезентативец на Белгија на својот грб ќе го носи дресот со број 27. Миралас има богата интернационална кариера и во минатото настапуваше за Лил, Сент Етјен, Олимпијакос, Евертон, Фиорентина, па од белгиски Антверпен направи трансфер во Газиантеп каде што турскиот клуб за неговиот роденден му подари тепсија со баклава.




