Горан Пандев е капитен и лидер на Македонија па во претстојниот полуфинален меч од Лигата на нациите против Косово се заблагодарува за сите што помогнале тој да се појави на репрезентативниот собир и за него ова се натпреварите кои што се најважните во неговата богата и долгогодишна кариера. Во прилог и неговата изјава:
,,Благодарност до сите кои придонесоа да дојдам и да го одиграм овој натпревар. Значи од ФФМ па преку македонската амбасада во Италија голема благодарност до сите. Знаеме што носи овој натпревар. Имаме доста искуство, жално е што нема да има публика. Моја желба беше токму овој меч да го одигран пред публика, но што е тука е. Одиме на победа. Секако дека сум емотивен за овој момент, за овој меч. На овој народ му требааат вакви моменти и едно можам да ветам, дека ќе го оставиме срцето на терен за да го израдуваме македонскиот народ. Нијанси ќе го одлучат мечот, но ние се подготвуваме како и за сите мечеви” – изјави Горан Пандев.
Извор и фото: https://ffm.mk/



