Главното прашање после четвртиот овосезонски финален меч гласи: Дали Лејкерс ќе го освојат тронот по шести пат во новиот милениум, односно првпат после 2010 за два дена?
Имено, клубот од Лос Анџелес синоќа ги порази Мајами Хит со 96-102 и поведе со 3-1 во финалето.
Натпреварот беше релативно изедначен, а тоа се докажува со фактот дека ниеден тим не успеа да стекне двоцифрена предност, а резултатската позитива варираше и на двете страни.
Накрај, четири кошаркари, по два и од двете страни, постигнаа над дваесет поени.
Кај Лејкерс, нов дабл-дабл учинок имаше ЛеБрон Џејмс со 28 поени, 12 скокови и 8 асистенции, а освен него, уште 22 поени додаде и Ентони Дејвис.
Во спротивната екипа, Џими Батлер беше повторно најефикасен со 22 поени, 10 скокови и 9 асистенции, а дебитантот Тајлер Херо уфрли дополнителен 21 поен.



