Првопласираниот тим во Американската лига во регуларната сезона, Тампа Беј Рејс, го возврати ударот во четврт-финалето и израмни на вкупни 1-1 против Њујорк Јенкис.
Имено, Јенкис го добија првиот меч со 3-9, а синоќа ,,Ражите” беа подобри со резултат од 7-5.
Победничкиот состав ги постигна сите свои поени во првите шест ининзи. Од вкупните осум удари, дури седум беа претворени во поени, а ситуацијата на спротивната страна беше сто процентна (5/5).
На оваа средба, Тампа Беј забележа и четири хоум-рани преку Ренди Арозарена, Мајк Зунино, Мануел Маргот и Остин Медоус. Одлична партија имаше и фрлачот Тајлер Гласноу, кој, за пет ининзи, дозволи три удари и направи неверојатни десет ,,страјк-аути”.
Играчите на Јенкис беа двојно понеефикасни, кога станува збор за хоум-раните, односно поентираа двапати, благодарение на Џанкарло Стентон.



