Италијанскиот репрезентативен напаѓач 20-годишниот Мојс Кин кој направи трансфер од Јувентус во Евертон, не успеа да се избори за минутажа и стандардно место, а пред крајот на преодниот рок најде нов ангажман и потпиша за париски ПСЖ.
Напаѓачот потпиша едногодишна позајмица., а во тимот за место ќе се бори со Мауро Икарди. Во Париз го очекува уште поголема конкуренција во тимот, но Кин смета дека ова за него е правилен потег.



