Менаџерот на Арсенал, Микел Артета има во план да се ослободи од неколку фудбалери на кој што нема сериозно да смета во следниот период, а на таа листа се најде и младиот играч од средниот ред, Матео Гендузи.
Младиот французин пред крајот на преодниот рок треба да го засили составот на Херта од Берлин, а таму се очекува да добива сериозна минутажа. Гендузи ќе биде на едногодишна позајмица со право на откуп.



