Екипата на Нотингемшир Аутлос ја оствари својата втора титула во Виталити Бласт, односно во англиското клупско натпреварување во Т20 крикет.
Клубот од ,,Трент Бриџ”, првпат го освои ова натпреварување во 2017, а за вториот триумф, во финалето го совлада Сари со 127/7 (16) – 129/4 (13.2).
Имено, оваа сезона, за првпат, полуфиналињата и финалето беа одиграни во ист ден, притоа редуцирани на единаесет, односно на шеснаесет оувери.
Во полуфиналето, Сари беше поуспешен од Глостершир, додека новиот шампион ги порази Ленкашир Лајтнинг.
Во финалето, најдобри удирачки перформанси за поразениот состав имаше Џејсон Рој (66 поени), а најдобриот фрлач беше Вил Џекс (2-32).
Кај Нотингемшир, најдобар удирач во финалниот меч беше Бен Дакет (53 поени), а најдобар фрлач – Ден Кристијан (4-23).



